Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 52 социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан
Македонија

52 социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

15/02/2023

AA

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија.

При посетата, министерот Бочварски истакна дека од утре сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што исто така ќе биде објавен утре, ќе можат да аплицираат за социјален стан.


Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: Деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.

„Би ја искористил приликата да упатам апел до сите граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат до Центарот за социјални работи во Гевгелија. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи Гевгелија,  ќе ја обезбедува потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас. Грижата за најранлините категории граѓани е посебно изразена сега во време кога ни претстои најголемиот предизвик со оправување од енергетската и економската криза. Како Влада, остануваме силно посветени и оваа година во обезбедување на топол дом за најранливите семејства, ”изјави министерот Бочварски.


Изградбата е во вредност од 102 милиони денари.

„Колективната, станбена зграда во Гевгелија е со површина од приближно 2400 метри квадратни со четири катови и приземје.  На приземје има 4 стана наменети за инвалидизирани лица. На катовите има по 12 стана, односно зградата вкупно располага со 52 стана со површина од 35м2  до 49м2, 52 подрумски простории и 5 деловни простории. Во склоп на парцелата има и отворен паркинг простор со 22 паркинг места. Зградата ја завршивме во август минатата година“, изјави Зоран Ѓорѓијев, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.


Министерот Бочварски истакна дека во следниот период ќе се распределуваат социјалните згради во Демир Капија  а потоа и во  Неготино.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45057
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy