
Познат составот на групите во втората фаза од Европското првенство
Во групата 1, со по два бода влегуваат Унгарија и Франција, по еден имаат Хрватска и Австрија поради меѓусебното реми, а без бодови се домаќинот Германија и Исланд. Во групата 2 ситуацијата е нешто поразлична бидејќи три екипи пренесуваат по два бода: Данска, Шведска и Словенија.
На Европското првенство нема пауза бидејќи втората фаза почнува веќе утре, а во неа ќе има по четири кола.
ГРУПА 1
Унгарија 2 бода, Франција 2, Хрватска 1, Австрија 1, Германија 0, Исланд 0
ГРУПА 2
Данска 2 бода, Шведска 2, Словенија 2, Холандија 0, Норвешка, Португалија 0
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА 17.01
Норвешка – Португалија 15:30
Данска – Холандија 18:00
Словенија – Шведска 20:30
