
ПОЗНАТ Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ЧОВЕКОТ ШТО СЕ РАЗНЕСЕ ВО ЦРНОГОРСКИОТ СУД: Во судот имало многу луѓе, седуммина се повредени
При активирање на
рачна бомба утрово во Основниот суд во Подгорица загина Младен Булатовиќ (40)
од Подгорица. Во таа прилика се повредени седум лица. Итната помош ги информира
медиумите дека повредените се надвор од животна опасност.
– Во 11:35 часот
добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна
направа и дека има повредени лица. Утврдиле дека починал М.Б. (40) кој ја
активирал експлозивната направа – изјави Срѓа Кораќ од Криминалистичката
полиција, за Aktuelno.me
Како што рече, во
таа прилика се повредени неколкумина на кои им е укажана лекарска помош во Клиничкиот
центар на Црна Гора. Според него, не треба да се работи за сериозни повреди.
Пред судот има
брза помош и полициска екипа.
Во моментот на
експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош,
полиција и противпожарна единица.
Според
информациите од местото на настанот, дел од градот во близина на Основниот суд,
а се собрале и голем број граѓани.
Истрагата е во
тек.