
Познат доктор јавно повикува: Под итно да се евакуира населенитето во радиус од 1 км од фабриката во Тетово!
Денеска изби пожар во магацинот „Евроком“ во тетовско Фалише, а на терен интервенираа пожарникари од Тетово, Скопје, Куманово и Велес.
Се упати и препорака до граѓаните да ги затворат своите прозори, но со свој став се јави и познатиот македонски доктор Андон Чибишев.
Тој им сугерира на институциите под итно да го евакуираат населението во радиус од 1000 метри од фабриката.
„Пожар во фабрика за бои и лакови во населено место во околината на Тетово. Им се препорачува на граѓаните да ги затвотат прозорците и да не престојуваат на отворено. Јас, на институциите им сугерирам под итно да го евакуираат населенитето во радиус од 1000 метри од фабриката“, порача Чибишев.
