Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Познат бизнисмен ќе гради зграда-„чудовиште" до НИП „Нова Македонија“?
Економија

Познат бизнисмен ќе гради зграда-„чудовиште" до НИП „Нова Македонија“?

11/02/2025

AA

Сопругата и двете ќерки на покојниот бизнисмен Бојо Андрески, како и нововлезениот  претприемач Горјан Максимовски, преку фирмата Евро Принт се сопственици на земјиштето од 5.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје, на кое е предвидено да се гради огромна зграда од 100 метри височина, односно приземје и 25 ката.

Како што претходно објавија медиумите, парцелата е на местото каде што сега се наоѓа Европски универзитет, лоциран на улицата Свети Климент Охридски, во центарот на Скопје. Според посочениот ДУП, изработен од Друштвото за планирање проектирање и инженеринг „Тајфа план“ од Скопје, станува збор за објекти со Б4 намена, односно за деловни објекти, а според јавно достапните информации од Агенцијата за катастар на недвижности, земјиштето со површина од околу 5000 метри квадратни е во приватна сопственост на фирмата „Евро принт“ ДОО од Скопје.

Сопственици на „Евро Принт“ се Елица, Билјана и Александра Андрески, но од декември лани Максимовски станува косопственик со неговата градежна фирма ЕСС Пропертиес. Останува да се види дали во ова Максимовски видел добра можност за брза еднократна заработка преку изградба на габаритен објект во непосредна близина на зградата на НИП „Нова Македонија“.

Максимовски стана познат во јавноста откако во 2019 како косопственик на друштвото “Хемиски Инженеринг“ заедно со фирма партнер од ОАЕ купи дел од објектите и машините на „ОХИС“ за над 7 милиони евра во стечајната постапка. Максимовски, инаку сопственик на уште неколку други фирми во земјата, тогаш изјави дека неговите деловни активности главно се одвиваат во странство и дека одлучил да откупи објекти и опрема во ОХИС со цел да реализира одредени развојни планови.

Инаку дејноста на „Евро Принт“ е печатење на весници, во 2023 имала само еден вработен и приходи од околу 250.000 евра. Уделот на Максимовски во „Евро Принт“ сега  е 32 отсто. Тој е еден од двајцата управители на друштвото. Инаку неговата ЕСС Пропертиес се води како градежна фирма формирана во 2019, но во 2023 имала приходи од само 10.000 евра. 

Од Општина Центар претходно за „Слободен Печат“ потврдија дека постојниот Детален урбанистички план предвидува изградба на две згради од по 25 и 10 ката една до друга на овој простор, но дека одобрение за градење сѐ уште не е издадено и дека не знаат кој ќе биде инвеститор.  Граѓани информирале дека веќе се иселуваат закупците што држат канцеларии или простори за друга намена во подрумските простори на Универзитетот, а меѓудругото има коментар од општината дека Деталниот урбанистички план е променет од 2012 година.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy