
ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ МАГАЗИН: Грција е префорсирана, но друга земја од Балканот е вистинско богатство
Земја од регионот доби пофалби дека е одлично место за одмор. Познатиот американски магазин Travel off path пишува дека Црна Гора е една од најпотценетите летни дестинации во Европа.
Во својот извештај магазинот објави дека Црна Гора е веројатно најперспективната туристичка дестинација на европско тло. Набројува неколку причини зошто луѓето треба да ја изберат Црна Гора за одмор наместо веќе исфорсираните дестинации, како Грција.
Луѓето одат во Грција, Шпанија, Италија, но магазинот пишува дека Црна Гора е вистинско богатство.
Travel off path наведува дека Црна Гора е една од најекономичните опции за одмор, каде што можете да престојувате во високорангирани хотели за релативно малку пари. Покрај тоа, постојат многубројни хостели, апартмани или куќи за гости.
Црна Гора нуди и содржини, многубројни туристички атракции, природни убавини и непроценливо културно богатство. Од морето и бреговите, планините и националните паркови, сè е многу достапно за туристите. Земјата е позната по разни настани, фестивали и музички спектакли. Еден од нив, кој е веќе етаблиран и добро познат, е Sea Dance Festival.
Туристи од повеќе од 190 држави во светот гласаа за најдобра европска дестинација за 2021 на изборот кој го организира European Best Destinations, а градот Котор беше на 8-то место. И хрватските градови Сплит и Добровник, често се на различни ранг листи.
foto freepik.com