
Позитива на денот: Во Гази Баба спасено маче заглавено на високо дрво
На социјалните мрежи имаме позитива на денот.
Имено, во текот на вчерашниот ден ЈКП „Гази Баба 2007“ необичен повик за интервенирање и спасување на маче заглавено на високо дрво на улицата Бапчор во населба Автокоманда.
„Нашите екипи со радост и возбуда го прифатија овој предизвик и за кратко време мачето беше спасено и спуштено на сигурно и безбедно, кај своите сопственици. Им благодариме на нашите екипи за брзата интервенција. Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ е вистински сервис на граѓаните!“, велат од ЈКП Гази Баба