
Пожарот кај Богданци ставен под контрола, но се уште се појавуваат жаришта!
Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сеуште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират.
На терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и Национални шуми и од Јавното комунално претпријатие од Богданци.
Во овој момент нема потреба од воздушна подршка.