
Пожарникари од Струмица успешно извлекоа паднато куче во дол!
Пожарикарите од Струмица успешно извлекоа паднато куче во дол.
За акцијата тие информираа на својот Фејсбук профил каде беа објавени и фотографии.
„Денес, (четврток) 30.11.2023 година во 16.36 часот, на локацијата викана Црвен дол под Цареви кули, ТППЕ Струмица интервенираше на извлекување на паднато куче во долот. Кучето е извлечено и предадено на сопствениците. Голема благодарност до Алпинистички клуб ,,Скала” за укажаната помош. Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикај 193“, напишаа тие.