
ПОЖАРНИКАРИ ГИ СЕЧЕА ВОЗИЛАТА ЗА ДА СПАСАТ ЖИВОТИ Три лица тешко повредени во несреќа на патот кон Штип

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на регионалниот пат село Караорман – Штип, на потегот кој важи за една од најопасните „црни точки“ во регионот. Поради несреќата, патот е целосно затворен за сообраќај од 19:35 часот.
Од СВР Штип информираат дека полициски службеници се на терен и во тек е увидот на местото на несреќата.
– Екипи од СВР Штип излегoa на лице место, увидот е во тек и утре ќе има повеќе информации – соопштуваат од полицијата.
За извлекување на повредените лица од возилото морале да интервенираат и пожарникари, по што сите тројца биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.
Патниот правец Караорман – Штип, кој ги поврзува општините Штип и Карбинци, одамна е означен како ризичен поради честите несреќи на тој дел од трасата.
.
