
Пожари во Грција: Населбата Агиа Параскеви во Мениди се евакуира
Продолжува борбата на грчките пожарникари да го спречат ширењето на пожарите, особено обидите да не се прошири огнот во Националната шума. Огновите за жал повторно „оживуваат“ поради силните ветрови.
Населбата Агиа Параскеви во Мениди се евакуира поради пожарот што од вчера, вторник (22.8) гори во Парнита, пренесува „Прототема“.
Копнените и воздушните сили од вчера се борат со пламените јазици за да го локализираат големиот огнен фронт што избувна во областа Триб. Напорите се насочени кон спречување на пожарот да се движи кон сртот Парнита.
Според Противпожарната служба, пожарот што избувна во вторник напладне во Фили на периферијата на планината Парнита е во тек и се движи кон исток кон Дардиза, Агиос Јоанис Русин и Аја Параскеви, додека поради силниот ветер многу пламна подеми се забележани во мали области, при што пожарот е на 5 километри од казиното.
Во изјава за СКАИ, заменик-гувернерот за цивилна заштита, Василис Кокалис, рече дека главните фронта во Фили се два, едниот во Декелија, а другиот во Агиос Јоанис Росос. Тој рече дека и во двата пожари изгореле куќи.
Како што јавуваат тамошните медиуми, пожари има во повеќе региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во шумите во близина на Атина, во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата.
Во Грција од саботата до вторникот се појавиле 300 пожари, при што изгореле над 400.000 хектари земја
Засега утвредно е дека во пожарите низ земјата загинале 20 лица, а само во изминатите 24 часа избувнаа 60 нови пожари.
EPA-EFE/DIMITRIS ALEXOUDIS
