
Пожари има и во Петровец, Гази Баба, Чучер Сандево и Кратово
Центарот за управување кризи информира дека дополнително пријавени пожари на 112 има во:
Во атарот помеѓу Фазанерија и Катланово, на местото викано Тотинци (Oпштина Петровец), е пријавен пожар кој зафатил ниска шума и ниска вегетација.
Во Општина Гази Баба, на улицата „Перо Наков“ кај објектот Космос, е пријавен пожар на ниска вегетација.
Пожар на ниска вегетација е пријавен и кај село Кучково, во Општина Чучер Сандево. За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Во атарот на село Трновец, во близина на фирмата Крива Река (Општина Кратово), е пријавен густ чад што укажува на пожар. Известена е Територијалната противпожарна единица на Кратово.
Надлежните служби се веќе активирани и постапуваат по пријавите.
