
Пожар во стан во Тетово, едно лице загинато, едно повредено
Голем пожар вчера зафати стан во Тетово, при што, според првичните неофицијални информации, едно лице го загубило животот, а уште едно е повредено.
Како што пренесува ТВ21, „пожарникарите пристигнале на местото на настанот и работат на гаснење на пламенот“.
Причините за пожарот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на случајот.
