
Пожар во скопско Морани, Ангелов вели пожарите ги предивикуваат дрвокрадците!
Вечерва избувна пожар на ридот во скопското село Морани.
Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов упатени се екипи на терен, а тргаат и неколку пинцгауери.
„Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци“, вели Ангелов.
Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва.

