
Пожар во општина Чашка
РЦУК Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Велес, во 15.40 часот појавен е шумски пожар во атарот на с.Ореше-општина Чашка.
На терен ќе интрвенираат 5 вработени од ЈП Национални шуми-подружна едница Бабуна-Велес, како и дел од месното население од с.Ореше.
Известени се локалната самоуправа на општина Чашка, како и Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Велес.
