
Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените јазици 4 часа!
Синоќа во селото Слупчане, општина Липково, избувнал голем пожар во куќа сопственост на 63-годишниот А.И. Иако материјалната штета е значителна, од СВР Куманово потврдуваат дека нема повредени лица.
Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово се бореле со пламените јазици цели четири часа. Интервенцијата започнала во 18:40 часот и траела до 22:40 часот, а на терен биле испратени:
Полициски екипи од СВР Куманово веќе извршиле увид на местото на настанот за да се утврдат причините за избувнување на пожарот.

