
Пожар во куќа во Скопје, три лица итно пренесени во болница
Три лица се итно пренесени во болница откако ноќеска избувнал пожар во куќа во Скопје.
Во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фан Ноли“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) од Скопје.
Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.