
Пожар во куќа на улицата „Климент Охридски“ во Битола
Утринава избувна пожар во куќа лоцирана на улицата „Климент Охридски“ во Битола, во делот познат како „Стара болница“.
На местото веднаш интервенираше Противпожарната единица – Битола, која работи на локализирање и целосно гаснење на огнот.
Засега нема информации за евентуални повредени лица или за причината за избувнувањето на пожарот.
