
Пожар во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово, евакуирани гостите
Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели дека поради сериозноста на пожарот побарана е помош од околните општини. До моментот на нашиот телефонски разговор, пристигната била противпожарна помош од општина Делчево. Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени. […]