
ПОЖАР ВО ГРЦИЈА: Овчар влетал во својата штала за да ги спаси животните и настрадал
Маж загина во пожар во Грција, а туристите се евакуирани.
Станува збор за постар маж кој загина во пожар во грчката префектура Беотија, соопштија денеска грчките власти додавајќи дека пожарникарите сè уште се борат со пожарите во другите делови на државата.
„Стариот овчар влетал во својата штала за да ги спаси животните и умрел, најверојатно поради вдишување чад“, изјавил портпаролот на противпожарната служба.
Голем шумски пожар избувна денеска во Беотија, 100 километри северно од Атина, соопштија спасувачките служби. Во гаснењето на пожарот се вклучени скоро 56 пожарникари и четворица пожарникари.
Вториот пожар избувна на островот Евија, каде што со пожарот се борат 42 пожарникари и четири авиони. Цивилната заштита денеска издаде предупредување за екстремен ризик од пожар во регионот на Атина и четири други области на југот на Грција.
Високите горештини и сушата ќе траат до петок. Пожарите сè уште беснеат во североисточна Грција во близина на пристанишниот град Александрополи. Повредени се седум пожарникари и еден доброволец. Тие завршија во болница. Десетина населби се евакуирани викендов. Властите ги повикаа жителите да бидат во затворени простории поради чадот. Во областа е прогласена вонредна состојба. Летово имаше катастрофални пожари во Грција, но и во други земји во светот. Погоден беше Тунис, а на Хаваите имаше над 100 жртви.
