
Пожар во дом за згрижување на деца во Скопје
На 15.10.2023 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во дворот на дом за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ во Скопје, од кој бил зафатен и објектот на домот.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.