
Пожар во близина на с. Сопотница, гори сува трева! Постои опасност да се прошири кон блиската зимзелена шума
Уште еден пожар пред малку избувна во Демир Хисарс, во близина на с. Сопотница.
Гори сува трева но постои опасност пожарот да се прошири кон блиската зимзелена шума.
Пожарот брзо беше изгаснат но повторно се разгоре и пак беше изгаснат. Екипа на ТППЕ Демир Хисар превентивно останува на лице место.