Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожар во јапонската нуклеарна централа по земјотресот: Предупредување за евакуација издадено за многу области
Македонија

Пожар во јапонската нуклеарна централа по земјотресот: Предупредување за евакуација издадено за многу области

01/01/2024

AA

Пожар избувна во нуклеарната централа Шига во Јапонија по разорните земјотреси кои денеска ја погодија земјата, јавија јапонските медиуми.

Пожарот избувнал на трансформаторот во нуклеарната централа и истиот е изгаснат, соопштија надлежните без да дадат информации за штетите и можните последици.

Да потсетиме, најсилниот земјотрес беше 7,5 степени по Рихтеровата скала , му претходеше земјотрес од 5,6 степени, а потоа беа забележани повеќе од 40 земјотреси од кои најсилниот беше 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Во многу области е издадено предупредување за цунами, а во тек е евакуација на одредени региони.

Повредени се голем број, а според последните информации шест лица се затрупани во урнатините на зградата која се урна во земјотресот.

Уништени се бројни патишта, што дополнително ги отежнува напорите на спасувачките екипи.

Да потсетиме, јапонската нуклеарна регулаторна управа (НРА) објави дека нема проблеми со реакторот во ниту една од нуклеарните централи во областа погодена од разорните земјотреси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy