
Пожар се заканува да „проголта“ манастир во Атина
Пожар се заканува да го „проголта“ манастирот „Света Петка“ во Атина, поради што е наредена евакуација на светилиштето.
Критична е состојбата во селото Аја Параскеви во близина на Атина. Пожарите кои повеќе од 24 часа беснеат на ова подрачје опасно ги загрозија куќите и верскиот објект. Граѓаните и пожарникарите притрчале да ги спасат иконите. Зад манастирот има осум куќи и пожарникарите и волонтерите на општината се борат да го изгаснат пожарот, но огнот не можат засега да го локализираат.
Пожари беснеат на повеќе локации кај јужниот сосед, на Евија, Самотраки, Макракоми и планините Родопи на истокот од земјата. Во пожарите кои од саботата беснеат во Грција, загинаа 20 луѓе, а изгореа над 400.000 хектари земја. Во последните 24 часа во Грција избувнале 209 пожари. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас вели дека ова е ситуација без преседан.
