
Пожар се шири во Чешиново-Облешево, пожарникари на терен!
Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани дека пожарникарите интервенираат на пожар на отворен простор во непосредна близина на с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.
Гори сува трева, нискостеблеста шума и отпадоци.
Поради силниот ветар пожарот се ширел брзо. Во гасењето учествуваат 12 пожарникари со 3 ПП возила и месно население. ЦУК ги извести и МВД и ДЗС.
