
Пожар проголта дел од дом во Волково, граѓаните бараат помош за својот сограѓанин!
Ѓорче Петров секогаш знаело да застане рамо до рамо кога е најтешко, а сега е моментот тоа повторно да се докаже!
На Фејсбук групата „Ѓорче Петров“ има објавено апел за помош на сограѓанин од Волково кој се соочува со вистинска животна драма откако силен пожар зафати делови од неговиот дом.
Огнената стихија целосно уништи неколку соби, оставајќи зад себе пустош и очај. Во овие тешки моменти, поддршката од заедницата е пресудна.
„Она што огнот не може да го изгори е човечноста. Да покажеме хуманост и солидарност да помогнеме на нашиот сограѓанин. Да покажеме дека Ѓорче знае да застане рамо до рамо кога е најтешко. Секој придонес, без разлика дали е финансиска помош, градежен материјал,ќе им значи многу во овој тежок период.Кој сака да помогне утре ќе бидете известени каде може да се донира“, велат од таму.
Според нив, во текот на денешниот ден ќе бидат објавени прецизни информации за локациите и начините на кои ќе може да се достави помошта.
