
Пожар над езеро Длабочица, гори борова шума на непристапен терен!
Над езерото Длабочица има пожар во стара борова шума на сосема непристапен терен.
Екипа на Национални шуми е веќе тргната кон местото на пожарот, а дополнително се упатува уште една екипа на ТППЕ Струга.
Кога ќе бидат на лице место и направат увид дополнително ќе искажат евентуална потреба од соодветни ресурси и подршка.