
Пожар над Боговиње
Регионалниот ЦУК Тетово известува дека има дојава за пожар над село Боговиње (Општина Боговиње).
Во моментов на терен се екипата од ТППЕ Тетово, од Национален парк двајца вработени, а од општината информираа дека ќе се потрудат да ангажираат луѓе. Инаку, од ДЗС Тетово, известија дека ако од Општината ги известат за потреба од интервенција, тогаш според настанот и можностите ќе одлучат дали треба да интервенираат.
Состојбата се следи преку регионалните центри за управување со кризи со остварување на комуникација и координација преку ЦУК, секако и според барања на ангажираните институции, а и преку повратно информирање на институциите што се анимирани и ангажирани како надлежни субјекти во Системот за управување со кризи (СУК) за итни случаи што претставуваат опаснст за граѓаните и материјалните добра во конкретниот реон на пожар.