
Повторно трагедија на патот Битола-Прилеп, едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа
Вчера околу 21 часот во Полициската станица во Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, возило „рено“ управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.