
Повторно штрајк на аеродромите во Германија
Аеродромите во Германија повторно ќе бидат опфатени со штрајк . Ова го пренесуваат медиумите во земјава.
Протестот на безбедносните службеници, кој е планиран за утре, ќе го парализира превозот на патници во големи делови на Германија.
Земјата во последните денови беше погодена од серија штрајкови во транспортниот сектор поради барањата за повисоки плати и промени на работното време.
Големиот шестдневен штрајк на машиновозачите во државниот железнички оператор Дојче Бан заврши вчера.