
ПОВТОРНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОД ОД „ПЕПКО“ – има опасност од оштетување на репродуктивниот систем
Црн женски паричник PEPCO, чија земја на потекло е Кина, е повлечен од пазарот во Србија поради хемиски ризик.
Според порталот на системот за алармирање на Министерството за внатрешна и надворешна трговија (NEPRO) на соседна Србија, производот содржи прекумерна количина бис (2-етилхексил) фталат (DEHP) (мерена вредност до 0,3 проценти по тежина).
„Овој производ може да му наштети на човековото здравје предизвикувајќи штета на репродуктивниот систем. Производот не е во согласност со Регулативата REACH“, се додава на порталот NEPRO.
Се наведува дека клиентите биле информирани за можноста за рефундирање преку веб-страницата, како и преку известување истакнато на продажните места.
Фото: Принтскрин/Твитер
Извор: Еуроњуз.рс