
Повторно протест на вработените од „Флораком“ и „Луна“ – сè уште без плата за август
Вработените од фирмите „Флораком“ и „Луна“, ќерки-компании на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска повторно протестираа и од 10 до 12 часот го блокираа булеварот „Илинден“, поради неисплатена плата за август.
Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски потсети дека платата требало да биде исплатена до 15 септември, но тоа сè уште не е реализирано.
„Доколку и денес не се исплатат платите, вработените од понеделник повторно ќе протестираат. Размислуваат и за радикализација со блокади на повеќе крстосници низ Скопје“, вели Кашиковски.