
Повторно недостиг на онколошки лекови!
Повторно има недостиг на онколошки лекови. Според Здружението Хема Онко, веќе две недели недостасуваат лековите палбоцицлиб и рибоцицлиб.
Недостигаат и додатоци за хемотерапија, а од Здружението бараат и итни системски промени во начинот на кој се набавуваат онколошки терапии.
Од Клиниката за онкологија и радиотерапија пак уверуваат дека проблемот е настанат поради доцнење од страна на дистрибутерите, но најавуваат дека од утре лековите ќе бидат достапни на клиниката.
Воедно апелираат до надлежните институции да се ревидира позитивната листа на онколошки лекови, бидејќи во ситуации кога на тендер не се јави понудувач, пациентите се приморани сами да ги набавуваат потребните терапии.
Во однос на терапијата со зрачење, од Клиниката потврдија дека апаратите за брахитерапија се исправни, но има застој бидејќи е во тек испораката на радиоактивниот извор, која се очекува за една до две недели. По завршувањето на процесот пациентите повторно ќе бидат повикани на третман.

