
Повторно е потребна помош за младиот Стефан чија болест заврши, потребни се средства за транспорт на неговото тело во Струмица
На социјалните мрежи се објави апел за донации на средства за враќање на телото на Стефан Таушанов, момчето за кое се сплоти цела Македонија.
„Споделувајќи ја тажната вест за Стефан, младиот борец чија болест заврши, нашата склопеност и поддршка повторно се потребни во овие тажни моменти. Собираме средства за транспорт на неговото тело во родната му Струмица.
Помогнете ни во создавањето на вечен спомен за Стефан, вашиот придонес е светло за неговото вечно почивалиште“, се вели во апелот.
Апелот за донации може да го видите ТУКА
