
Повторно дојави за бомби во Белград – Заканите пристигнаа на мејловите на неколку болници и факултети
На електронските адреси на факултетите и неколку болници во Белград утринава пристигнале мејлови со закани за поставени бомби, дознаваат тамошните медиуми.
Поради дојавите, голем број луѓе се пред зградата на болницата, како што може да се види на снимката од утрово, која може да ја видите на овој линк.
Дојавата за бомбата стигнала и до Електротехничкиот факултет во Белград (ЕТФ), пренесе Телеграф.
Полицијата е на терен и во тек се проверки.
Фото: Принтскрин/Инстаграм

