Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈМНОГУ ПАРИ НУДАТ НА РЕЦЕПЦИОНЕРИТЕ СО ИСКУСТВО: И Бугарите бараат работници од Македонија
Економија

НАЈМНОГУ ПАРИ НУДАТ НА РЕЦЕПЦИОНЕРИТЕ СО ИСКУСТВО: И Бугарите бараат работници од Македонија

21/06/2023

AA

И Бугарија бара
работници од Македонија за во секторот туризам и угостителство. Има огласи во
кои се нудат плати од 800 евра за келнери, за работа 6 дена во неделата, по 8
часа, со платени патни трошоци и сместување во хотел. Бараат работници за 3
месеци, а воедно нив им нудат и 50 отсто попуст на храната во хотелот каде ќе
бидат сместени. Ова се однесува за
Поморие.

Во Сончев Брег за
шанкерите нудат плата од 750 евра, за хигиеничари 700 евра, за носачи на куфери
исто 700 евра, а за рецепционерите без искуство 900 евра, додека за оние со
искуство 1.000 евра. За работниците е обезбедна храна и сместување.

Зоран Кочоски од
агенцијата Коузон објаснува дека на пазарот потешко е да се најде добар рецепционер, отколку добар келнер, затоа што бројот на хотели е помал од бројот
на ресторани и барови. Тој објаснува дека на рецепционерите во старт им се нуди
повисока плата затоа што тие немаат можност да заработат од бакшиш.

„На рецепција
ретко кој остава бакшиш, додека на келнерот му даваат пониска плата, а тој ќе
биде награден од гостите за љубезноста
со бакшиш. И за рецепционер се бараат квалификации, познавање на јазици и затоа
мора да ги мотивирате. Бугарија доцна се свести дека треба да дава повисоки
плати и голем број Бугари работат на Кипар или во Грција каде платите се
повисоки. Платите во Хрватска и Кипар се поголеми од оние кои ги нудат
Бугарите“, вели Кочоски.

Во огласи кои се
објавени пред 6 години, стои дека за работа во хотели во Бугарија се бара
познавање на англиски, германски или руски јазик.

„За собарките
платите се најмали. Има работници од Македонија, и од Србија, ама послабо, но
за Македонците повеќе се исплати да работат во Хрватска. Јас бев да работам во
Бугарија преку бугарска агенција и за пронаѓање на работата ми наплатија 50
евра. Преку истата агенција заминуваат доста млади од источна Македонија. Јас
случајно најдов работа. Превозот сама го платив и имав обезбедено два оброка
дневно“, вели кумановка.

Работа за бравари
имаше во Петрич во Бугарија, но посредниците објасуваат дека интересот не е
голем, затоа што луѓето не сакаат секој ден да патуваат, а не ја гледаат како
атрактивна ниту опцијата да престојуваат таму и да бидат одвоени од блиските.

Последниве месеци
имаше многу огласи за вработувања во домашните хотели, во Скопје, Маврово или
Охрид. Меѓу огласите има и понуди за работа за пекари во Крањ, Словенија.
Вообичаено, има и работни места за Хрватска, за занаетчии или за персонал во
хотели.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46398
  • Регион 3998
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи што брзале

27/10/2026

За само шест часа, во акциска контрола на територијата на целата држава, полицијата регистрирала 825 прекршоци за пречекорување на дозволената

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви

27/10/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy