Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОВТОРНО АКЦИОНЕРСКИ ПРОМЕНИ ВО „РЕПЛЕК“ – поминаа две блок трансакции од над 300 илјади евра
Економија

ПОВТОРНО АКЦИОНЕРСКИ ПРОМЕНИ ВО „РЕПЛЕК“ – поминаа две блок трансакции од над 300 илјади евра

12/09/2023

AA

Нови блок трансакцсакции се случиле вчера со акциите на фармацевтската компанија „Реплек“. 

Станува збор за две купопродажни трансакции, што значи дека во нив учествувале различни инвеститори, односно купувачи и продавачи на акциите. 

Цената, пак, што се постигнала, е исто и во првата и во втората блок трансакција.

Во првата купородажна зделка се продадени 175 акции на „Реплек“, по цена од 68.000 денари за акција, што значи дека за нив е постигната вкупна сума од 194 илјади евра.

Додека, пак, во втората трансакција се продадени и купени 112 акции на „Реплек“, по истата цена од 68.000 денари за акција, односно вкупната сума која е платена за овие акции е 124 илјади денари.

Овие трансакции се вредносно помали од оние кои се случија со акциите на „Реплек“ минатата недела, а со кои се случија значајни акционерски поместувања во сопственичката структира на „Реплек“. 

Компанијата, како и секогаш досега, уредно ќе извести кој е купувачот и продавачот на акциите, што се однесува до промените кај акционерите кои поседуваат над 5 отсто од акциите. 

Односно, во фармацевтската компанија влезе нов акционер, а тоа е лабораторијата „Биотек“, која пред извесен период отвори и поликлиника. 

Фактор веќе објави и профил на компанијата „Биотек“, според кој оваа компанија е позната по својот синџир на лаборатории, кои, заедно со другите „колеги“ од индустријата, направија милионски профити тестирајќи ги граѓаните на ковид вирусот, за што наплатуваа солиднии суми, во време кога јавното здравство не можеше да обезбеди доволно тестови.

Во декември лани, пак, Биотек групацијата ја прошири својата палета на услуги, отворајќи и нова Поликлиника Биотек, во центарот на Скопје. 

Според истражувањата кои веќе ги има правено Фактор, лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра.

Една година претходно, пак, „Биотек“ наплатиле 6,1 милиони евра, што е за 2,2 пати повеќе од 2020 година. Добивката во 2021 во споредба со претходната споредбена година пораснала за еден милион евра и достигнала 2,6 милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy