Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повредите на пациентите од Кочани кои се лекуваат во Србија се опасни по живот, вели доктор Милан Стојичиќ
Македонија

Повредите на пациентите од Кочани кои се лекуваат во Србија се опасни по живот, вели доктор Милан Стојичиќ

18/03/2025

AA

Доктор Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС, изјави дека пациентите од пожарот од Кочани кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Србија, имаат сериозни повреди, опасни по живот.

„Сите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Србија, имаат сериозни повреди, опасни по живот. Од осумте лица, тројца се на респиратор, што значи дека е потребна механичка вентилација. Површината на телото од изгореници се движи до 25%. Нагласувам дека имаат симптоми на интоксикација и изгореници на дишните патишта и затоа се опасни за живот. По примот се започнати дијагностички и терапевтски процедури. Од осуммина, седум се лекувани во операциона сала- изјави утрово за РТС проф. д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС.

Синоќа во Ургентниот центар на КЦС во пожарот што избувна во дискотеката на смртта во Кочани пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, а вкупната бројка на пациенти кои се зфрижени е 17.

„Сите беа згрижени во текот на ноќта, тие се стабилни, со стабилни витални параметри. Што се однесува до пациентите оперирани претходниот ден, тие се хемодинамски стабилни, нивниот третман продолжува, што секако ќе трае долго“, истакна докторот.

Тој кажа дека некои пациенти ќе бидат подложени на операција. Продолжува нивното лекување и во следните денови ќе бидат оперирани.

„Некои ќе се третираат конзервативно, а други хируршки. А тој хируршки третман веќе е планиран за утре или задутре. Детални информации ќе имаме денеска бидејќи денеска проценуваме кои се кандидати за хируршки третман. И доколку има потреба од донатори на кожа , ќе ве информираме за тоа“, рече Стојичиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy