Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор
Економија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

26/04/2025

AA

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, ја истакна потребата од подобрување на работничките права во приватниот сектор и ги повика работниците да се приклучат на Првомајскиот протест. Клучните барања на синдикатот се повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на законските права.

-Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор надминат 50 и 60.000 денари. Онолку колку што минимум треба да земаат вработените во приватниот сектор особено вработените во трудо-интензивните дејности, рече тој. 

Нивното барање, како што дополни, се однесува на сите работодавачи од приватниот сектор.

-Особено оние кои пред некој ден се изјаснија дека недостасува кадар во државата. Уште повеќе ќе недостасува доколку не зголемите плата. Со сета почит кон одредени работодавачи исто од приватниот сектор кој почитуваат и Закон и колективен договор па овие проблеми се одамна надминати но тоа е сосема мал процент од вкупниот број вработени, дополни Пешевски.

Потсети дека ССМ активно работи на правна заштита на работниците, и информираше дека во текот на 2024 година, бесплатна правна помош и заштита добиле над 12.000 работници. 

Тој потенцираше дека синдикатот се соочува со притисоци и напади врз своите членови. 

-Во меѓувреме, додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови и репрезентативност на ниво на држава, пријавени се повеќе напади кон членовите на гранките во ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој нажалост не бара зголемување на плати па се сомневаме дека затоа е омилен и на владата. Нашиот апел е да не се наседнува на ваков тип притисок и членовите самоволно и доброволно веќе оддамна се определиле во кој синдикат ќе членуваат, порача Пешевски.

Протестот е закажан за 11 часот пред Собранието на Македонија, а ССМ повикува Владата и работодавачите да преземат одговорност за моменталната состојба и да овозможат итно зголемување на платите во приватниот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини

Најстудено денеска на Попова Шапка, -1 степен

18/01/2026

Македонија

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на

18/01/2026
Македонија

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

18/01/2026
Македонија

28-годишен битолчанец ја истепал својата 79-годишна баба која претрпела тешки

18/01/2026
Македонија

АКО СЕ ПОВЛЕЧЕТЕ, ДРУГ ЌЕ ГО ПОПОЛНИ МЕСТОТО Не останува

18/01/2026
Македонија

Мицкоски обвинува за „мафијашки упади“ за време на вонредната состојба,

18/01/2026
Македонија

ТРЕБА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ПОСТАПУВАЛ НЕЗАКОНСКИ Премиерот не

18/01/2026
Македонија

Мицкоски за европерспективата на државата: Прво да ја завршиме домашната

18/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40324
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на лекар поради вдишување чад

18/01/2026

Во СВР Велес вчера во 10.45 часот е пријавено дека настанал пожар во свињарската фарма на правно лице, во село

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

18/01/2026

На Европскиот самбо куп што се одржа во Дубровник, Хрватска, Бобан Данов во категоријата +98 кг го освои сребрениот медал,

28-годишен битолчанец ја истепал својата 79-годишна баба која претрпела тешки телесни повреди и била пренесена

18/01/2026

Синоќа во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28-годишниот Т.Р. од Битола, поради сомнение дека физички

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy