Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ БАРААТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ВИСОКИ ПЕНЗИИ“: „Мојот став за покачувањето е познат“-Тренчевска не попушта
Економија

„ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ БАРААТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ВИСОКИ ПЕНЗИИ“: „Мојот став за покачувањето е познат“-Тренчевска не попушта

17/11/2023

AA

Следната недела или најдоцна до крајот на месецов Владата ќе усвои пакет на антикризни мерки наменет за повеќе целни групи, меѓу кои и за пензионерите што примаат најниска пензија. Ќе видиме дали ќе ни требаат некакви законски измени за да можеме што поскоро да стартуваме со финансиската поддршка за оние што ќе бидат вклучени во овој нов пакет, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во врска со барањата на пензионерите за линеарно покачување на пензиите по 5.000 денари и за зголемување на минималната пензија на 18.000 или до 20.000 денари, одговори дека нејзиниот став е познат – тоа се нереални барања што ќе ја загрозат стабилноста на пензискиот систем. 

-Мојот став е познат за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари и за минимална пензија од 18.000 или за 20.000 денари, бидејќи има различни барања од пензионерите, но тие доаѓаат не од сите туку од пензионери кои имаат високи пензии, а ги гледаме на протестите. Сите што се вклучени во иницијативниот одбор се пензионери коишто имаат дури и 50.000 или 30.000 денари пензија, најмал дел се оние со најниски пензии, изјави Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината за студентскиот стандард што денеска се одржува  на Филозофскиот факултет на УКИМ. 

Министерката посочи дека линеарно покачување по 5.000 денари на сите 336 илјади пензионери ќе значи околу 324 милиони евра годишно само за ова нивно барање.

-Може да замислите, пак, колкава е фискалната импликација за 20.000 или 18.000 денари за минимална пензија. Ова се барања кои се нереални со оглед на состојбата на пензискиот систем. Тој е стабилен, но со каква било интервенција на пензискиот систем ќе ги доведеме во ситуација идните генерации кои треба да бидат пензионери да не можат да добијат пензија, а ќе ја доведеме во прашање и исплатата на пензиите и на овие 336 илјади пензионери. Мора да се грижиме за стабилноста на пензискиот систем. Оваа Влада се грижи за навремена исплата на пензиите и тие се исплаќаат секој 1-ви во месецот. Со ваквите политики обезбедуваме сигурност, истакна Тренчевска.

Со најавените антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите кои, како што рече, финансиски ќе ги поддржат во текот на зимата и до идното усогласување на пензиите, во март 2024.

Напомна дека со новата методологија има системско решение за постојан раст на пензиите во изминатиот период и дека од 9.000 денари минималната пензија сега изнесува 13.100 денари.

-Не велам дека 13.100 се доволно за еден пензионер да го издржи месецот, но затоа овде се различните мерки како финансиска поддршка што Владата ги креира за да можеме заедно, на солидарна основа, да му помогнеме на секој што се наоѓа во некаква состојба односно нема доволно приход за да може да го издржи месецот, додаде министерката за труд и социјална политика. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy