
Повикан во полиција претседателот на синдикатот на Контрола на летање, Александар Тасевски
Александар Тасевски, синдикалецот на М-НАВ, е повикан на разговор во полиција.
Одлуката е затоа што упатувал закани преку Фејсбук кон раководството на Контролата на летови.
Тасевски за „Сител“ порачал дека не се заканувал, туку дека ги откривал злоупотребите мна раководителите за новите вработувања.
Детали најави дека ќе соопшти во текот на утрешниот ден.
Тој е претседателот на Синдикатот во контрола на летање, а во полиција бил пријавен од менаџментот на М-НАВ.
