Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“
Магазин

Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

26/12/2024

AA

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице односно птови претседателот на Управниот одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија“ и сопственик и неговата компанија за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело –  Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
Македонија

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за

26/01/2026
Македонија

Еден си чувал дрога во кофа во кафуле, а друг

26/01/2026
Македонија

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

26/01/2026
Македонија

Внимателно возете: Магла на превојот Стража

26/01/2026
Македонија

НОВ ПРОТЕСТ НА КУМАНОВЦИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ИРАК И ВО

26/01/2026
Македонија

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ,

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40648
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е ДЛАБОК КОНФЛИКТОТ? На седница за

26/01/2026

Денеска, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА најостро ја осудува денешната прес-конференција на СоцијалДемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за пријавување истекува на полноќ

26/01/2026

Пет кандидати досега се пријавиле за нов државен јавен обвинител на Македонија. Огласот, распишан од Собранието, се затвора на полноќ.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy