Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели Бектеши
Македонија

Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели Бектеши

12/10/2023

AA

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат.

Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе.

Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.

-Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така, нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.

Тој, како што рече, се уште не проверил дали листата е објавена.

-Денеска имав други состаноци, немав прилика да проверам, но, секако Одлуката е донесена во Владата, имаше соопштение од Министерството за финансии, од Министерството за економија и од Владата. Најверојатно денеска или најдоцна утре би требало да се објави согласно можностите на службениците, нагласи министерот.

Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
Македонија

Потврдени 13 случаи на Западнонилска треска во Македонија – тројца

31/07/2026
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44778
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека започна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период од учебната

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот

31/07/2026

По повод одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ,

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Битола, изјави дека годинава нема да користи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy