Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повеќемина повредени во серија сообраќајки во изминатото деноноќие
Магазин

Повеќемина повредени во серија сообраќајки во изминатото деноноќие

29/08/2024

AA

Повеќе учесници во сообраќајот се повредени и пренесени во болница, во изминатото деноноќие, а учествувале во сообраќајни незгоди.

Во средата, во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско и патничко возило „фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(37) од с.Могорче, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(50) од с.Требеништа, охридско, констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Истиот ден, во 23 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Корчуланска“ во Ресен патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(67) од Ресен, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. 

Во 21.18 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(29) од с.Крупиште излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Денеска,  во 3.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(57) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ш.С.(46) од с.Мала Речица-тетовско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Вчера, во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип. Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Утрово, во СВР Велес било пријавено дека околу 4.55 часот на улица ,,Андон Шурков” во Велес, мотоцикл ,,пијаџо беверли” со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Во текот на вчерашниот ден, од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19 часот до полноќ, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП…

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy