
Повеќе скопски населби денеска без струја
Делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија.
ЕВН најави дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.