
ПОВЕЌЕ ПОТРЕСИ ВО СРБИЈА: Се стресоа два града
Серија послаби потреси имаше денеска во соседна Србија.
Во градот Бор имаше земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотрес со иста јачина повторно ја погоди областа Бор пред 12 часот.
И во Краљево е забележан слаб земјотрес. Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил бо близина на Жича. Во 13 часот и 15 минути се случи уште еден слаб земјотрес во подрачјето на Бор.
Два дена по ред имаше земјотреси во Романија. Потресите беа над 5 степени, поради што има уништени фасади на згради и возила.
Страотни приказни секој ден стигнуваат од Турција, каде силниот земјотрес уби цели семејства. Погодена е и Сирија. На границата меѓу двете земји, но и во Сирија и Турција денеска пак имаше земјотреси.