Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ – Бектеши задоволен како тече мерката
Економија

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ – Бектеши задоволен како тече мерката

21/09/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека контролите на инспекторите од
Државниот пазарен инспекторат, кои стартуваа од вчера, ќе продолжат до
крајот на ноември, а секоја недоследност која граѓаните ќе ја забележат треба
да ја пријават во ДПИ, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е задоволен од
тоа како досега се почитува владината одлука за поевтинување на прехранбените
производи од страна на трговците, објаснувајќи дека од идната недела ќе се
намалат за минимум десет проценти и цените на пијалоците.

„Повеќе од задоволен сум од тоа што
вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите синџири маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа
посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода,
сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на
цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на
производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое
ограничување во делот на синџирите супермаркети платите зашто генерално годинава
главниот товар беше врз нив“, рече Бектеши кој денеска беше во
посета на еден маркет.

Според Бектеши, нови ограничувања за супермаркетите ќе нема и затоа што некои од
нив ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и во објавата на Заводот за
статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули
минатата година.

На
прашањето дали Министерството е запознаено со информациите дека производителите
на месо не ги доставуваат свежите производи до маркетите за да може да го
продаваат во своите продавници без издавање фискална сметка, министерот рече
дека Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија во што е
вклучено и месото.

„Имајќи предвид дека освен
задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во
владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово
имавме дополнителна координација со ДПИ кој од вчера попладне веќе вршеше
контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот
на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат,
да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што
ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските
прописи“, рече Бектеши.

Во
однос на намалувањето на добивката која трговците ќе ја имаат по поевтинувањето
на производите, од менаџментот на КАМ беше кажано дека пресметките се уште не
се направени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy