Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потресни зборови на холандскиот пилот кој во 1963 летал над Скопје додека траел катастрофалниот земјотрес
Македонија

Потресни зборови на холандскиот пилот кој во 1963 летал над Скопје додека траел катастрофалниот земјотрес

26/07/2023

AA

Постои една неверојатна коинциденција. Во мигот на катастрофалниот земјотрес точно во 5,17 часот на 26 јули холандски авион го надлетувал Скопје. Пилотот од воздух гледал што се случува на земјата и бил вџашен од глетката, бидејќи наеднаш се кренала огромна прашина над градот.

Тој бил единствениот кој имал слика пред себе за катастрофата во истиот миг. Како директен сведок од авионот, меѓу првите на светот му ја соопштил тешката вест: „Скопје е разурнато, во него има 50.000 мртви!“.

Веста била неверојатна, дури и фантастична за светот, но пилотот ја направил процената според она што можел да го види со сопствените очи.

Овој податок со авионот спаѓа меѓу првите известувања за катастрофата. Постојат, исто така, и други помалку познати детали за првите известувања, иако личностите кои тоа го направиле се главно познати.

Прв ја објавил веста за катастрофата капетанот на ЈНА, Петар Јовиќ. Непосредно по земјотресот, не поминале ни дваесетина минути капетанот Јовиќ се јавил во воениот центар, кој бил најблиску до Скопје, во Приштина. Со големи тешкотии успеал да објасни каква катастрофа се случила на градот на Вардар. Од воената единица каде што веста за земјотресот била доставена, таа веднаш стигнала и до Радио Приштина. Радиото точно во 7 часот објавило: „Скопје веќе не постои!“.

Прв од новинарите и меѓу првите известувачи за катастрофалниот земјотрес е и познатиот дописник на „Политика“ Јован Поповски. Со помош на еден од службениците на Поштата, кој преку бандера воспоставил врска со белградска „Политика“, тој ја соопштил веста за катастрофата. Како искусен новинар и одличен познавач на Скопје Поповски вака драматично го опишува своето прво јавување:

„Од другата страна на жицата беше Рушка, секретарката од редакцијата на „Политика“. Ја слушав како извика и ја пушти слушалката: ,Другари, Поповски е жив’. Врската беше воспоставена. Но, што да јавам? Тогаш видов дека дури немам ни бележник, иако на директорот на весникот му реков: Овде е голема катастрофа, ајде да издадеме вонредно издание. Тој ме праша дали имам напишан извештај. Се разбира, имам, го излажав. Но, сепак почнав да го диктирам извештајот. Во тој миг не верував дека можам да напишам некој текст што ќе им се допадне. Не, катастрофата беше толку многу голема, впечатоците толку многу, а шокот толку силен, што не бев способен да го опишам сето тоа. Во главата чувствував кошмар… Да бидам искрен, застанав и заплакав како дете. Но, никој не се осврнуваше на моите солзи. Таков беше денот“, вели Поповски.

Кога станува збор за првите извештаи и видувања на катастрофалниот земјотрес во Скопје, треба да се наведе напорот и првото јавување на скопските железничари, односно на луѓето кои во тој миг се затекнале на работното место во зачуваниот, не урнат дел од станицата. Тие, исто така, биле меѓу првите кои испратиле известување и тоа преку морзеовите апарати, кои не биле целосно оштетени во Железничката станица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy