
Потрес во шпанскиот фудбал: Претседателите на Барса и Реал поднесоа оставки
На ваков потег, двајцата се одлучија бидејќи не сакаат да се мешаат во изборот за претседател на Федерацијата имајќи предвид дека неодамна оттаму си замина досегашниот претседател Луис Рубиалес поради скандалот во финалето од Светското првенство во женска конкуренција кога бакна шпанска репрезентативка. Перез и Лапорта се претседатели на најмоќните клубови и не сакаат да учествуваат во изборот за наследник на Рубиалес.
Фудбалската федерација на Шпанија најави избори на 11 октомври, а тие треба да се одржат во првиот квартал од 2024 година.
