Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Потребни ни се екстра странци во лигата – тие ќе бидат учители на нашите македонски деца!
Спорт

„Потребни ни се екстра странци во лигата – тие ќе бидат учители на нашите македонски деца!

16/01/2024

AA

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров во својот прв осврт по завршувањето на настапот на Македонија на ЕП, даде една изјава што може да се протолкува како необична поради неговиот доскорешен став. Сега тој нема против да се ангажираат странци во нашата Лига, но само ако се екстра квалитетни.

Немам ништо против странците. Напротив квалитетен странец секогаш треба да биде добредојден во Македонија. Јас кога бев дете имавме екстра квалитетни странци од кои учев и јас. Потребни ни се и сега за да бидат учители на овие наши македонски деца кои се од помладите категории. Ние заостануваме, но срцето, желбата, вербата и љубовта кон ракометот прави некогаш да сме нереални и да посакуваме нереални работи. Но јас верувам во чуда и ќе тежнееме кон тоа и понатаму, вели Лазаров.

Тој истакна и дека на Македонија не ѝ одговара турнирски начин на игра и дека во квалификации подобро се снаоѓаме. 

Во квалификациите знаеме да одиграме добро и против поквалитетни репрезентации, но кога ќе дојде системскиот турнир ни е потешко. Денеска правев муабет и со Словенците кои имаа три перфектни натпревари, се видов со Зорман и му ‘велам каде одите – вика одиме во Хамбург и играме со Шведска, Данска и Холандија’… Навистина треба да имате квалитетен ростер за да бидете компетативни. Ние во моментов можеме да одиграме два-три натпревари, но замислете да треба да одиграме уште три меча со вакви квалитетни противници… Треба да се работи, 95 проценти од играчите ни се од македонската лига која е сѐ подобра, но треба уште да се вложува да се дава шанса на македонските играчи, да се вложува во стручен кадар, во тренажен процес за тие играчи да се усовршуваат. Мислам дека целата македонска јавност е задоволна. Под импресии сме, но цврсто на земја. Во победите се радуваме сите, но од поразите правиме трагедија, го разбирам тоа бидејќи Македонија навива со срце за своите репрезентации.

Според него, менувањето на менталитетот е долг процес.

Успеваме да го промениме менталитетот, се надевам дека ова е првиот чекор кон тоа. Дали вечерва имав страв во финишот од пораз? По 45. минута паднавме енергетски, се обидувавме на неколку начини да се одржиме, изгубивме доста енергија, играчите на Швајцарија имаат силни мечеви преку целата сезона, на нив не им недостасува таа енергија, но успеавме некако и со ротација и со спортска среќа која ја заслуживме. Се боревме до крај, имавме сплотеност, жар, борба и на крајот ја заслуживме победата. Ова не беше ништо стратегиски, ништо тактички, пред мечот им кажав момци само борба. Не беше лесно да се мотивираат ракометарите по поразите од Франција и Германија, но успеавме – победивме.

„Ова е вредна победа од повеќе причини. Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација, тоа го покажа и на ова првенство, но и со игрите во изминатите неколку години, имаат екстра индивидуалци кои се претворени во добар тим. Имаа желба да завршат со победа поради легендата на светскиот ракомет Енди Шмид на кој ова му е последен меч и ќе го преземе кормилото на Швајцарија како селектор од лето. Сакаа да направат поголем успех поради него, но не им се оствари. Ние навистина бевме квалитетни, она што го пропуштивме во претходните два меча против уште поквалитетните противници како Германија и Франција каде што имавме многу технички грешки, но сега ги намаливме двојни, можеби и повеќе и тоа е рецептот за успех. Немавме многу примени голови од контра. Нашата одбрана беше подобра и допринесе и нашите голмани да бидат квалитетни, имавме и глава и опашка и во нападот знаевме што правивме. Им дадовме 29 гола, тоа не успеаа да го направат ниту Франција ниту Германија против нив. Не е лесно да се игра против таа грантина одбрана на Швајцарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy